|
БРАКО
Компанијата „Брако е основана 1947 година, а од 2003 година е приватна компанија
со целосно ревитализиран и обновен машински парк. „Брако“ во 2005 година
достигна производство од 1400t месечно на жичани
производи и 260 вработени со што станува лидер во регионот.
Кон крајот на 2005 година „Брако“ прераснува во Холдинг
компанија отварајки нови производни погони во Видин, Р. Бугарија и Панчево,
Србија.
Преку заедничко вложување на „Брако“ и холандската
фирма „Veighpack“ во 2007 година, пуштена е во
употреба автоматска линија за производство и пакување на клинци.

|
ДИНАМО-ХИТ
„Динамо-ХИТ“ е приватна фирма која егзистира на пазарот од 1997 година.
Основна производна дејност е производството на електрични апарати за
домаќинството. Најпознат производ е електричниот бојлер кој доаѓа во изведби
од 5,10,30,50,80,100 и 120 литри како и комбинираните системи за централно и
соларно греење.
„Динамо-ХИТ“ вработува 80 работници, кои според
работните задачи се распоредени во следните оддели: оддел за припрема на
материјалот, оддел за оформување и изработка на производите, оддел за
фарбање и емајлирање и оддел за монтажа.
|
|