Отворен ден во ССОУ „Коле Неделковски“
Деска училиштето на идните средношколци им престави што работат нивните врсници кои тука го продолжиле своето образование.
Со најразлични макети, шеми, практични вежби и друго, средношколците од ССОУ „Коле Неделковски“ се преставија пред деветодделенците од градот и околината.
Изборот на идното образование е значаен момент за секој основец. Училиштето нуди можност преку нагледност полесно да се совладаат наставните содржини а понатаму и се она што се совладало теоретски и практично да се потврди.
Училиштето учествува во голем број на проекти, како што е ЕРАЗМУС+ преку кои нашите најдобри ученици од угостителската струка изведуваа практична настава во Шпанија, а учениците од машинската и електротехничката струка практичната настава ја изведуваа во Турција. Истотака седма година по ред се реализира ученичката размена со Р. Полска. А од почетокот на наредната учебна година учениците ќе го посетат збратимениот град Шербур во Р. Франција.
На отворениот ден свое преставување имаше и социјалниот партнер „БРАКО“ во кој секоја година се вработуваат голем број на наши ученици. Новина од минатата година е што „БРАКО“ организира обука за завршените ученици во летниот период (за чие времетраење учениците добиваат и одредена парична надокната) а најдобрите понатаму фирмата ги вработува.
Затоа идни средношколци нека Вашиот избор биде средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ затоа што вреди да се учи!
ОТВОРЕН ДЕН ВО ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“
Денеска, училиштето ги прими идните средношколци. Учениците од основните училишта од градот и околината се запознаа со образовните профили кои се изучуваат во ССОУ „Коле Неделковски“. Тие имаа прилика да ги видат кабинетите во кои се изведува наставата и опремата која ја користат учениците за изведување на теоретската и практичната настава.
Во рамките на отворениот ден се одржа и изложба на автомобили и мотори во училишниот двор. Вљубениците во автомобилизмот имаа прилика да видат автомобили од различни генерации како и преработка на мотори. На сите учесници им беа доделени благодарници за учество а за „најсимпатичниот“ автомобил беше доделен пехар.
Машинска, електротехничка, сообраќајна и угостителско-туристичка струка се можностите за образование кои ги пружа ова училиште пред идните средношколци.
ИДНИ СРЕДНОШКОЛЦИ !!!!
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ПРВИОТ УПИСЕН РОК НА 22 и 23 ЈУНИ 2015 година.
ОТВОРЕН ДЕН ВО ССОУ „КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ“ - ВЕЛЕС
Денеска во ССОУ „Коле Неделковски“ беше отворен ден. Ден во кој идните средношколци се запознаа со струките и образовните профили кои се изучуваат во училиштето. Осмоодделенците од Велес, Г.Оризари, Чашка, Иванковци, Градско, Росоман и други приградски населби го разгледаа училиштето, училниците каде се изведува наставата а професорите преку презентации ги запознаа учениците за се она што се изучува по стручните предмети од машинска, електротехничка, сообраќајна и угостителска струка.
ИДНИ СРЕДНОШКОЛЦИ ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА ПРВИОТ УПИСЕН РОК 23-24.06.2014 ГОДИНА. ИЗБЕРЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ !!!
Учество на Отворениот ден на ОУ „Блаже Коневски“
Учениците и професорите од ССОУ „Коле Неделковски“ учествуваа на отворениот ден организиран од ОУ „Блаже Коневски“. За поздрав се активностите што основните училишта ги организираат со цел да извршат кариерен развој и насочување на идните средношколци. Денеска тоа се случи во ОУ „Блаже Коневски“ каде средните училишта од градот се преставија со своите струки и профили кои тие ги нудат. ССОУ „Коле Неделковски“ пред идните средношколци од ОУ „Блаже Коневски“ се претстави со 14 образовни профили (техничар за компјутерско управување, автотехничар мехатроничар, машинско енергетски техничар, машински техничар, автомеханичар, заварувач, машинобравар, електротехничар за компјутерска техника и автоматика, елетротехничар за електроника и телекомуникации, електротехничар енергетичар, електроинсталатер и монтер, техничар за транспорт и шпедиција, келнер и готвач) од машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителската струка. На поставениот штанд идните средношколци и нивните родители добија подетални информации за предметите што се изучуваат и можностите за понатамошно продолжување на образованието и вработување. Значајно е да се истакнат соработките со социјалните партнери „Динамо ХИТ“, „Брако“, „Леов“, „Колска“ (каде учениците изведуваат практична настава во реални услови) и се надеваме на идната соработка со германската фирма „Маркхарт“ (делегација од фирмата беа во посета на училиштето на 07.05.2014г.) За се она што остана како дилема за родителите и идните средношколци, училиштето организира ОТВОРЕН ДЕН на 28.05 2014г. каде заинтересираните ќе можат на лице место да видат што работат учениците и каде се изведува наставата. За други дополнителни информации можете да не контактирате на Facebook страната на училиштето https://www.facebook.com/ssoukolenedelkovski, WEB страната www.kolenedelkovski.edu.mk на телефонскиот број 231-446. Се надеваме, идни средношколци, дека Вашиот избор ќе биде ССОУ „Коле Неделковски“ !